За овие седум предмети се смета дека носат несреќа во домот. Еве за што се работи…
Расипан часовник – според фенг шуи, скршените работи треба да ги исфрлите од куќата, а особено скршените часовници. Тие наводно укажуваат на несреќни настани во иднина.
Црна врата – според кинеско верување предизвикува лоша среќа во вашиот дом, но не ако е свртена кон север.
Стар календар – календарот е симбол на проаѓањето на времето, а ако го користите на погрешен начин наводно може да влијае и на вашиот живот. Ако не сте ја свртиле страницата на точната дата, не е добро!
Скршени садови – садовите според кинеско верување го симболизираат богатството и семејството. Ако јадете во напукнати чинии потсвесно ги признавате проблемите во својот живот. Затоа, штом нешто напукне, веднаш фрлете го.
Кактуси и билки со трња (освен ружи) – внесуваат негативна енергија во домот.
Мртви билки – еднакво како и вештачките билки се смета дека носат лоша среќа, па според фенг шуи и тие треба да ги исфрлите од куќата.
Бршлен – по старите верувања бршленот кој ползи по куќата носи несреќа.