Уредниците на мексиканското издание на магазинот „Венити фер“ на насловната страница за февруари одлучија да стават фотографија од Меланија Трамп во гламурозно издание на која првата дама на САД седи пред чинија полна со скапоцен накит и го јаде со виљушка како да се шпагети. Фотографијата предизвика критики.
„Меланија Трамп на насловната страница за февруари. Приказна што го открива интригантното минато на првата дама“, пишува на твитер-профилот на магазинот. Интересно е дека твитот се појави истиот ден кога Белата куќа извести дека ќе ги натера Мексиканците да ја платат изградбата на контроверзниот ѕид на границата меѓу двете држави. Ваквата одлука на угледниот магазин предизвика многубројни реакции. Некои напишаа дека потегот е одличен пример за сензибилитет, емпатија, патриотизам и интелигенција додека други сметаат дека дефинитивно недостасува сензибилитет.
Почнав да го читам текстот и не го довршив. Не сакам да знам ништо за сопругата на нашиот непријател број еден“, напишала Гвадалупе Лаез, мексиканска писателка и колумнистка.
„Не, тука не станува збор за никакво додворување“, напиша уредништвото на магазинот на Твитер, одговарајќи на критиките. Инаку, Доналд Трамп со години е во лоши односи со „Венити фер“.