Настинката, кивањето и кашлицата може да ги излечите со помош на зачини, па пред да одите во аптека, најпрво проверете во кујната.
Мускатно оревче: Мускатното оревче делува аналгетски и противвоспалително и помага при настинки. Направете печени јаболка и врз нив наросете мускатно оревче или пак направете било каков десерт со мускатно оревче и кора од портокал.
Кардамон: Чајот од кардамон помага против кашлица и помага во излачување на слез, па со тоа и го олеснува дишењето. Кардамонот има силен вкус кој најдобро оди во комбинација со леб, овошје и слатко.
Цимет: Циметот е одлично средство за превенција и лекување на вирусните инфекции. Овој зачин го зајакнува имунитетот и се препорачува да се конзумира особено во зимските денови.