Луѓето кои практикуваат секс без обврски имаат поголеми шанси да западнат во психички проблеми, како депресија или анксиозност.
Во најголемото истражување од овој вид каде биле вклучени 3900 хетеросексуални студенти, експертите утврдиле симптоми на анксиозност и депресија кај оние испитаници кои непосредно пред тестот имале секс со човек со кој не се во емотивна врска.
Поголем процент од испитаниците изјавиле дека во текот на последниот месец имале секс без обврски. Мажите и жените од оваа група рекле дека анксиозноста и депресијата се последица од нивниот сексуален живот.
Во никој случај не може да се каже дека сексот без обврски не претставува опасност за младите во поглед на психичкото здравје. Резултатите од студијата сугерираат дека сексот без обврски недвосмислено се поврзува со психолошки тегоби настанати од таквите сексуални навики.
Резултатите од оваа студија можеме да ги поврземе со претходната посветена на слична тема, каде се вели дека само сексот со емоции е вистинскиот.