Медитеранската диета е една од диетите кои во последно време привлекува сè повеќе внимание, затоа што не само што е вкусна и што содржи за нас блиски и познати намирници, туку е позната по тоа што во себе содржи јадења кои се полни со незаситени масни киселини и со антиоксиданси.
Во медитеранската диета најмногу се користи свеж зеленчук и овошје, како и белковини и житарки. Можеби на прв поглед ќе ве исплаши големото количество маснотии, но се работи за незаситени масти кои се здрави за крвните садови и за целокупното здравје.
Важно е да се нагласи дека и зеленчукот и овошјето најчесто се консумираат свежи, со многу мала термичка обработка, посолени со малку сол, но затоа со многу зачински билки како и суви зачини.
При оваа диета, вашиот организам нема да доживее шок, затоа што целокупната исхрана нема да биде заменета со нов вид храна, туку со храна на која сте навикнале, а сето тоа во корист на вашето добро здравје и изглед. На пример, наместо да јадете црвено месо, ќе земете пилешко или риба. Тоа не значи дека ќе престанете засекогаш да јадете црвено месо, туку само ќе го јадете во помали количини, а ќе го готвите со маслиново масло.
Основни намирници
Погрижете се да внесете колку што можете повеќе свежи и разновидни намирници: домат, модар патлиџан, целер, пиперка, лук, кромид, грашок, брокула, артичоки, зелена салата, печурки, морков, грозје, цреши, грејпфрут, диња, јаболка, портокали, праски, јаготки…
Месо од живина и риба
Прво што ќе забележите е дека во оваа диета имате поголема количина месо од живина и риба. Исто така, во текот на неделата, дозволено ви е да јадете до седум јајца, вклучувајќи ги и оние кои ги ставате во јадењата што ги готвите. Риба, како што е лосос, туна, скуша и други морски плодови се одличен извор на Омега-3 масни киселини, за кои е докажано дека го подобруваат здравјето на срцето и ги намалуваат триглицеридите.
Здрави масти
Со овој начин на исхрана, ќе се научите да го намалите непотребниот внес на маснотии, а тоа ќе го направите така што ќе употребувате само маслиново масло. Ова масло ќе го користите при приготвување на која било храна: леб, тестенини, пржена храна, салата. Јаткастото овошје исто така е дозволено во оваа диета, а може да се јаде и сирово и во некое јадење.
Пијалаци
Бидејќи се работи за медитеранска диета, алкохолот не е забранет. Напротив! Се препорачува чаша црвено вино на ден, за време на главниот оброк. Никако не заборавајте ги шесте чаши вода во текот на денот.
Она по што медитеранската диета се изделува од другите, е тоа што е совршена. Барем за нас, кои живееме на овие простори. Во себе внесува и десерти, а ваквото задоволство ќе ви помогне да останете здрави, а со текот на времето и витки.
Вежбање
Не помислувајте да започнете со оваа диета ако не вежбате барем три пати неделно по еден час. Препораката на нутриционистите е да се држите до овој начин на исхрана шест недели, а потоа да се консултирате со вашиот лекар доколку треба да ја продолжите. Важно е строго да се придржувате до нејзините правила во тие шест недели ако навистина сакате да постигнете добри резултати.
7 дневно мени
Ден 1
Појадок: јогурт од портокал
Ручек: пилешко подготвено на скара и варен зеленчук како прилог
Вечера: спанаќ и салата од шкампи
Меѓуоброци: два реда темно чоколадо и кекс без шеќер
Ден 2
Појадок: мусли со млеко
Ручек: печено пилешко и салата со фета сирење
Вечера: лосос со интегрален леб (тост)
Меѓуоброци: парче свежо овошје, кекс без шеќер од интегрално зрно
Ден 3
Појадок: мусли со обичен јогурт
Ручек: пржено пилешко на маслиново масло и зелена салата со маслиново масло
Вечера: туна со пржени пињоли
Меѓуоброци: свежо овошје и јогурт со суво овошје
Ден 4
Појадок: мусли и млеко
Ручек: салата од варено пилешко и пржени кикиритки
Вечера: пржени шкампи со модар патлиџан и двопек
Меѓуоброци: чипс од јаболка, два реда какво било чоколадо, сушени смокви
Ден 5
Појадок: мусли со обичен јогурт
Ручек: салата од лосос и артичоки и пржени семки од тиква
Вечера: полнети лигни на жар (наполнети со нивните краци и зачини)
Меѓуоброци: бадеми, овошје, јогурт со суво грозје
Ден 6
Појадок: јогурт од портокал
Ручек: пржено мисиркино месо и два домати со средна големина
Вечера: паштета од туна со интегрален леб
Меѓуоброци: овошје и два реда темно чоколадо
Ден 7
Појадок: тост со путер и мармалад
Ручек: печено мисиркино месо и 50 гр. фета сирење
Вечера: салата од морски плодови
Меѓуоброци: бадеми, овошје и два реда кое било чоколадо
Совет:
За време на подготовката на јадењата, покажете ја вашата креативност. Јадете умерено, јадете разновидно и никако не заборавајте да вежбате.