Еве го новиот тизер за филмот „Педесет нијанси потемно“, во случај да ви треба мала пауза или неколку идеи за Денот на вљубените.
Последниот клип од очекуваното продолжение на филмот прикажува како изгледа еден состанок за Анастасија Стил и Кристијан Греј. Сé започнува со романтична вечера, а потоа – во типичниот дух на „Педесет нијанси“ – набрзо станува жешко кога доминантниот лик Кристијан (игран од Џејми Дорнан) и кажува на Анастасија (Дакота Џонсон) да ја соблече нејзината долна облека на самата маса. „Сметката, ве молам!“
Сцената потоа продолжува во лифтот каде се одвива дополнителна жешка акција – целосно без обзир на неколкуте луѓе кои стојат во близина – додека во позадина оди песната на Тејлор Свифт и Зејн Малик „I Don’t Wanna Live Forever“, создавајќи го совршеното расположение за оваа провокативна сцена.
Уживајте!