Ова е доволно да ве згрози! Причините зашто никогаш не треба да ги носите чевлите внатре

popara3 февруари, 20171min00
2

Ако не го послушавте советот на мајка ви да ги оставате чевлите на вратата…предупредени сте.

Со носење на валканите патики, дури и вашите елегантни салонки, низ куќата може да внесувате бактерии, токсини и ешерихија коли во вашиот килим.

Ги разгледавме причините зашто не треба никогаш да носите чевли дома и тие ќе ве згрозат.

Ешерихија коли

Ако сеуште не сте убедени дека треба да ги соблечете чевлите, земете го ова во предвид. „Чекориме врз работи како измет од птици и кучиња и бактерии на подовите на јавните тоалети, а сите овие се извори на ешерихија коли,“ изјави микробиологот и професор на Универзитетот на Аризона, Кели Рејнолдс, за The Huffington Post.

„Уникатната работа во врската со чевлите и нечистотијата е тоа што чекорењето врз други работи како листови и отпад, може да служи како храна за бактериите, помагајќи им да растат.“

Ешерихијата коли може да доведе до дијареја, инфекции на цревата и дури и менингит, па затоа не е нешто што сакате да го имате во килимот во вашиот салон.

Бактерии

Ешерихијата коли е само една од илијадниците бактерии што се присутни на ѓоновите на вашите чевли. Всушност, Kidspot извести дека во просек има 421.000 различни типови на бактерии на чевлите.

Колиформ, бактерија што често се користи како индикација за санитарниот квалитет на храна  и вода, е најдена на 96 проценти од чевлите. Kidspot исто така пријави дека оваа бактерија се пренесува од чевлите во вашот дом со стапка од 90 до 99 проценти.

Токсини

Хемикалиите што се користат во земјоделството или токсините што ги фрлате на тревникот исто така може да се најдат во вашиот дом по пат на вашите чевли.

The Huffington Post објави студија спроведена од Универзитетот Бејлор што открила дека луѓето кои живеат близу до асфалтни патишта направени со јагленов катран имале зголемен ризик за рак од токсини затоа што тие биле внесени во нивните домови со чевлите.

Водата од дождот исто така може да носи токсини, како бензин од патиштата.

Нечистотии

Бактериите на страна, вашите чевли се едноставно валкани.

Носењето внатре може да внесе кал во домот, што значи дека ќе имате повеќе за чистење.

Исто така не е добра идеа ако имате деца дома кои си играат на подот и постојано ги ставаат играчките или рацете во уста.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag