Како Тејлор Свифт глумеше жртва цела декада и така си ја создаде кариерата

popara6 февруари, 20171min00
1

Глумењето жртва на Тејлор Свифт не почнува ниту завршува со Канје Вест – тоа се протега назад сé до почетокот на нејзината кариера која трае веќе една декада и во музиката и во нејзината манипулација на медиумите. Но сé додека не излезе Ким Кардашиан со доказ, ова поминуваше неприметно во голема мера.

Минатиот јануари Канје Вест и се јавил на Тејлор Свифт да ја праша дали би и пречело ако тој напише песна во која спомнува дека имал секс со неа. Откако го слушнала текстот, таа му рекла дека зборовите „не и биле важни“ на неа. Но таа имала друга идеа.

„Ако луѓето ме прашаат за песната“, таа рекла, со возбуден глас, „мислам дека ќе биде супер да изреагирам како, ‘видете, тој ми се јави во врска со текстот пред да излезе песната. Шегата е на вас! Ние сме добри.’“ Свифт му кажала на Вест дека вака ќе изреагира на црвениот килим на Греми наградите, неколку недели по издавањето на песната.

Но, песната беше издадена со големо згрозување на јавноста. Текстот беше опишан како сексистички, мисогинистички и длабоко навредлив, а многу од фановите на Вест се заканија дека ќе го бојкотираат. Тој се обиде да објасни дека Свифт знаела за содржината на песната, но таа не го спроведе нејзиниот план. Наместо тоа, Свифт издаде јавна изјава што ја опиша песната како „мисогинистичка“, тврдејќи дека таа го предупредила Вест да не ја издава.

А на Греми наградите, Свифт даде страстен говор кога излезе на сцената да ја прими нејзината награда за албум на годината. „За сите млади жени,“ Свифт предупреди, „ќе има луѓе по патот кои ќе пробаат да го омаловажат вашиот успех, или да ја преземат заслугата за вашите достигнувања.“ Потоа, гледајќи директно во леќата на камерата, таа рече: „Или вашата слава.“

Свифт ја искуси негативната реакција на песната „Famous“ и се наврати на нејзината добро-позната улога – на жртва.

Говорот на Свифт на Греми наградите наводно бил причина да се вмеша сопругата на Вест, Ким Кардашиан. Три месеци по церемонијата, таа изјави за GQ дека верува дека говорот бил намерен обид против Вест иако тој не направил ништо и „го следел протоколот“. Таа продолжи со тврдење дека не само што Свифт целосно го одобрила текстот на песната „Famous“, туку дека имало и видео снимка да се потврди ова. Официјалниот одговор на Свифт за интервјуто се заврши со реченицата: „Тејлор не може да разбере зашто Канје Вест а сега и Ким Кардашиан не ја оставаат на мир“.

Два месеци по интервјуто, ја видовме Ким Кардашиан како разговара за случајот со сестра и Кортни на шоуто „Keeping Up With the Kardashians“. „Знаеш дека никогаш не зборувам ништо за никого јавно, посебно не на интервјуа,“ Кардашиан и кажа на нејзината сестра. „Едноставно чувствував дека сакам да го бранам Канје.“ Превртувајќи ги нејзините очи, таа воздивна, „ова е само уште еден начн на кој таа глуми жртва. Тоа дефинитивно и пружи многу внимание минатиот пат.“

Веднаш штом се прикажа епизодата, Кардашиан објави 22 клипови без објаснувања на Snapchat. Но, објаснувањата и не беа потребни: Веднаш стана јасно дека Кардашиан ги објавила снимките од телефонскиот разговор помеѓу Вест и Свифт. Вест никогаш не би го издал ова аудио затоа што би било продолжение на неговата „заканувачка“ позиција што тој ја има во нејзината приказна – како што спомна Свифт во нејзината изјава за телефонскиот разговор.

Во оваа изјава, таа побара да биде „исклучена од приказната, во која никогаш не сум побарала да бидам дел уште од 2009.“ Со ова таа алудираше на моментот кога таа и Вест прв пат се запознаа, на МТВ Видео музичките награди, кога младата Свифт ја држеше цврсто нејзината награда, а Вест се појави на сцената, го зема микрофонот од неа и објави дека наместо неа требала да победи Бијонсе.

Но Вест не предлагал дека Свифт не ја заслужувала наградата, туку тој зборувал против систематскиот расизам во музичката индустрија, кој постојано ги преферира белите уметници. По инцидентот, Вест изјави: „Не се работи за Канје Вест. Не се работи за Тејлор Свифт. Многу луѓе во Америка чувствуваат дека немаат платформа да излезат и да  го изразат својот прикриен расизам.“

Тој продолжи тврдејќи дека судиите на МТВ и ја дале наградата на Свифт во обид да ја пополнат дупката за „млада бела поп ѕвезда“ што беше оставена по сломот на Бритни Спирс, додавајќи дека имал потреба да „се опијани“ за да се справи со „сите лаги“ на церемонијата.

Меѓутоа, светот воглавно виде „закана„ од „лут“ црн маж кој ја тероризира „невината“ бела жена. Дури и нивната облека ја рефлектираше рамката на жртва и лош човек што го дефинираше инцидентот: сликата од Вест, облечен во црни тонови, како ја напаѓа слатката Свифт во нејзиниот бел и сребрен фустан, стана иконска.

Негативнот ефект за Вест беше моментален. Јавното мислење се сврти толку против него, што дури и претседателот го прогласи за „кретен“. Свифт, од другата страна, капитализираше од инцидентот и ова беше злато за нејзините односи со јавноста. Можеби овој инцидент не ја направи позната, како што тврди текстот на песната „Famous“, но секако ја издигна во мејнстрим свеста. И покрај нејзините тврдења дека сака да биде „исклучена од приказната“, Свифт ја потсети јавноста за оваа приказна многу пати во шеги и говори. Таа дури има и врамена слика од моментот во нејзиниот дом во Нешвил.

Во 2010 Свифт ја напиша песната „Innocent“, во која таа му простува на Вест со текстот: „32 и сеуште растеш / Ти не си тоа што го направи / Сеуште си невин“. Свифт дебитираше со песната со настап на МТВ Видео музичките награди, отварајќи со буквално одигрување на нејзинот судир со Вест од минатата година. Но оваа сцена беше уредувана и озогласената реченица на Вест беше изоставена, а последниот кадар се задржа на нејзиното лице со гримаси на болка.

Може да изгледа дека улогата на жртва на Свифт се заснова на нејзината врска со Вест. Но, таа се протега до самиот почеток на нејзината кариера од една декада.

Во раните денови, Свифт се додржуваше до карактеристиките на кревкоста на женственоста на белата жена, претставувајќи се себеси како современа невина личност. Нејзината пасивност и чистотија беа клучни во нејзината привлечна приказна оформена околу традиционалните стереотипи за женственоста. Овие карактеристики се манифестираа буквално во нејзините спотови – бели балски фустани, лабава виткана коса, Свифт како гледа од кулите на замоци – како и фигуративно во нејзините текстови. Свифт пееше за чекање на маж на „бел коњ“ да дојде и да ја спаси, за предлагање брак и за „маѓепсување“ во бајки.

Сликата на сексуална невиност беше постојана во нејзината музика. Нејзината невиност исто така влијаеше на емотивниот ефект на најчестата тематика за неа: Свифт претставена како жртва на однесувањето на лош дечко или одбивање од тој што и се допаѓа. Ова е честа тема во тинејџерската поп музика, но за Свифт ова стана самата база за нејзината улога на жртва.

Како што растеше статусот на позната личност на Тејлор Свифт, нејзините љубовни интереси еволвираа од анонимни средношколци до познати мажи. Кога ќе завршеа овие врски, медиумите ја објавуваа драмата, а Свифт го правеше тоа што од секогаш го правела: пишуваше за тие искуства. Без разлика дали го посакувала ова внимание или не, претставувајќи се себеси како жртва на предавството на познатите бивши ја разгори медиумската покриеност.  На пример, кога таа и Џо Џонас раскинаа во 2008, Свифт го обвини неколку пати на главни ТВ емисии. Нејзината песна „Better Than Revenge“, се смета дека се однесува за девојката поради која Џонас ја откачил Свифт.

Свифт продолжи да привлекува внимание кон предметите на нејзините песни и кога завршија нејзините врски со Џејк Гиленхаал и Џон Мајер. За нејзе беше корисно и што тајмингот на овие врски коинцидираше со продолжената експанзија на озборувачката интернет индустрија. Твитер доживеа најголем раст во 2008, а откако Инстаграм пристигна во 2010, познатите личности почнаа да ги користат овие платформи да ги контролираат своите приказни, водејќи ги медиумите околу нив. Драмата на Свифт беше слатко отелотворување на традиционалната женственост на која познати мажи често и грешат. Ова беше постаромодна, пријатна приказна за медиумите да ја пренесуваат. За Свифт, ова се преведе во продажба на албуми.

А потоа се појави Хери Стајлс, врската која и стана врвот на динамиката на улогата на жртва. Раскинувањето на оваа врска сигнализираше очигледна промена во нејзината стратегија. Наместо директно да зборува за Стајлс во инервјуата и песните, таа почна да разговара за нејзиниот љубовен живот со заскриена терминологија, манифестирана со текст како загатка. Ова беше сјаен потег што и служеше да ја зголеми фасцинацијата со нејзиниот приватен живот. Како што напиша списанието Vanity Fair: „Свифт пишува песни за дечките со кои се гледа а потоа ги праќа нејзините фанови во лов да откријат кои се тие“.

Свифт дури и изјавила дека песната „I Knew You Were Trouble“ се однесува на Стајлс и на видеото кое беше објавено подоцна прикажан е маж кој многу наликува на Стајлс, но песната беше издадена и се искачи до местото број 1 на листите уште пред тие да раскинат. Но, со манипулацијата на тајмингот на песната и видеото, Тејлор повторно успеа да се прикаже како жртва и да продаде повеќе. А потоа, во уште еден обид да ја поврзе болката причинета од Стајлс со следната фаза на нејзината кариера, таа постираше на Твитер неколку дена по раскинувањето: „Се вратив во студиото..“. Со ова, таа создаде интерес за албум две години пред тој воопшто да се материјализира. Па така, кога излезе нејзиниот албум „1989“ подоцна, таа имплицираше дека песните се за Стајлс без да го потврди тоа.

Но, Свифт изгледа играше премногу на оваа карта и негативноста достигна точка на пресврт. Почнаа да ја нарекуваат „психо, очајна и јадач на мажи“. Нејзиниот љубовен живот стана предмет на шеги и анализи и допринесе таа да биде прогласена за најомразена позната личност за 2013. Па затоа, кога се врати со „1989“, Свифт се фокусираше на сексизам: „Кога една жена пишува за нејзините чувства, а потоа е претставена како некоја залепена, луда и очајна девојка – тоа прераснува во нешто што е, искрено, малку сексистичко.“

Ослонувањето на сексизам беше малку иронично, со оглед на тоа дека таа јавно се огласи против феминизмот порано во текот на нејзината кариера. Но, до 2014 година Свифт беше сведок на проширувањето на разговорот околу феминизмот, и ова таа го искористи. Така, Свифт  ги обвинуваше медиумите дека нивното преставување на нејзиниот љубовен живот е нефер и секстистичко. Свифт проба да се претстави себеси како феминист и да ја пропагира „женската моќ“. Но, како што објаснува  The Washington Post: „ Има разлика помеѓу тоа да сте феминист и да се нарекувате себеси феминист. Феминизмот е повеќе од поддржување на вашите пријателки или извикување шармантни фрази што се римуваат во врска со женската моќ; тоа е политичко движење, со политички цели.“  Свифт само се повикува на феминизмот да ја осигура нејзината позиција на жртва.

Оваа нова стратегија и се исплатеше. Главниот сингл од „1989“, „Shake It Off“, што директно се однесува на „сексистичкото прикажување на неа од страна на медиумите“, стана најпродаваниот сингл на нејзината кариера.

Но, покрај нејзиниот нов интерес за феминизмот, всушност испадот со Кејти Пери беше дефинирачкиот момент во кариерата на Свифт. Не само што таа се претстави како жртва на делата на нејзината жена ривалка, туку овој спор ја разоткри Свифт како умешна и моќна манипулаторка на медиумите.

Имено, овој спор почна кога таа ја издаде песната „Bad Blood“, уште една песна во која на нејзе и е згрешено. Таа алудираше дека песната е за друга жена од индустријата која „пробала да саботира цела сала на турнеа“, и фановите веднаш помислија дека е за Пери. Потоа, таа изјави за песната дека била под притисок да ја насочи вината кон некој друг освен бивш дечко. На крај, таа сепак откри дека спорот во песната бил околу тоа што другата личност украла танчери од неа, укажувајќи дека сепак ја посветува на Пери. Конечната изјава на Свифт беше фасцинантна: „Знаев дека песната ќе биде препишана на некоја личност, и најлесна мета беше некој со кој не би сакала да се поврзам во оваа песна. Едноставно морав да ја пренасочам јавноста од најлесната мета.“

Со други зборови, таа го спречи избивањето на непосакувана гласина со создавање на друга гласина, што го открива вистинскиот талент на Свифт: нејзината способност да ги манипулира текстовите и предметите на нејзините песни на било кој начин што користи за нејзините односи со јавноста.

Подоцна, кога Ники Минаж постираше на Twitter за систематскиот расизам во музичката индустрија откако не доби номинација на МТВ Видео музичките награди, Свифт претпостави дека коментарот се однесуваше на неа. Иако Минаж потврди дека коментарите не се однесуваат на Свифт конкретно, одговорот на Свифт го претвори проблемот на институционален расизам во проблем помеѓу две жени. Таа се постави себеси во центарот на борбата со која се соочуваат црните жени, игнорирајќи го фактот дека системот ја преферира неа.

Понатаму, таа продолжи да ја користи нејзината историја на задевање во училиште како техника во склоп на нејзината стратегија за односи со јавноста – таа се спријатели со ранливи фанови на интернет. Таа почна да им дава совети на тинејџерите кои ги задеваат, убави зборови и плејлиста на обожавателка која раскинала врска и даде чек за да помогне на фан со студентските кредити. Но во центарот на сé ова беше чувството на споделена смисла за жртвеност. Со давањето совети на нејзините обожаватели и вметнувајќи се себеси во нивната приказна таа ги поттикна да се поврзат со нејзините пораки, да ги купуваат нејзините албуми и карти за турнеите, градејќи го Тејлор Свифт брендот. И секој пат кога таа се поврзуваше со фановите преку жртвеноста, тоа резултираше и со многу позитивно медиумско внимание. Одеднаш таа стана „најфината ѕвезда“ и личност со „срце од злато“.

Неодамна, откако се заврши уште една нејзина врска, со Том Хидлстон (за која тие двајца беа исмејувани откако на јавноста и медиумите им стана јасно дека е лажна врска наменета за привлекување на внимание), таа се повлече од јавноста. Во ретките прилики кога била видена, таа сигнализирала промена во имиџот. Во последно време таа се дружи и со поразлични луѓе од нејзиното претходно друштво, како на пример, Џиџи Хадид и Кара Делевињ. Нејзината поврзаност во последните неколку месеци со Зејн Малик, Дрејк и Нели покажува дека членовите на нејзината група на пријатели не се повеќе само бели девојки. Исто така, таа има нова, побушава фризура и има гласини дека има тетоважа. Неодамна таа напиша и издаде песна за филмот „Педесет нијанси потемно“.

Јасно е дека Свифт се оттргнува од традиционалната женственост и улога на жртва што ја играше толку долго. Но, приказните ја отелотворуваат нејзе, како и изменувањето на нејзиниот имиџ и почнување на нов. Меѓутоа, прашањето е, откако е разоткриена дека глумеше жртва цела декада, дали некој ќе и верува?

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag