Нова комбинација на лекови би можела да го елиминира ХИВ вирусот

popara6 февруари, 20171min00
Нова комбинација на лекови би можела да го елиминира ХИВ вирусот

ХИВ вирусот би можел да биде елиминиран користејќи нова комбинација на лекови, тврди истражувачки тим кој е на работ на експеримент без преседан.

На научниците од медицинскиот факултет на Универзитетот Case Western Reserve им се одобрени 2,5 милиони долари да пробаат комбинација на два третмани за СИДА (кои никогаш претходно не биле комбинирани) во клиничка проба на луѓе.

Својствата – природен протеин што ја убива болеста и антитела направени во лабораторија – со години се користат одделно во лековите за потиснување на ХИВ вирусот.

Моменталната линија на лекови е многу ефективна: околу 30 проценти од 1,2 милионите Американци кои се заразени со ХИВ достигнале неприметлива количина на вирусот – што значи дека третманот го потиснал вирусот до степен тој да не е пренослив.

Но главниот истражувач Др. Мајкл М. Ледерман верува дека комбинација од овие две својства би можела да произведе „поголем ефект во тандем отколку кога се даваат одделно“.

„Дадени одделно, и ИЛ-2 (интерлеукин-2) и одредени моноклонични антитела може да го намалат – но не и да го елиминираат – присуството на ХИВ во телото,“ вели Др. Ледерман.

„Нашата студија ќе оди еден чекор подалеку и ќе ги употреби заедно.“

ИЛ-2 е одобрен од американската Администрација за храна и лекови за третирање на одредени видови на рак.

Тој ги активира клетките што убиваат и исто така го активира ХИВ вирусот од латентна состојба (позитивен развој затоа што активираните клетки умираат кога го изразуваат вирусот).

Моноклоничните антитела што го неутрализираат ХИВ-от се клонирани протеински антитела што се врзуваат за површината на ХИВ вирусот и го спречуваат од заразување на имуните клетки на телото.

Тие исто така можат да им помогнат на клетките убијци да ги нападнат клетките заразени со ХИВ кои биле активирани од латентност да го изразат вирусот.

Студијата ќе вклучува 16 пациенти и ќе почне во втората половина на 2017.

Во текот на 64-неделната студија, пациентите од една група на третман ќе примат ИЛ-2 а тие во втората група на третман ќе примат ИЛ-2 плус моноклонично антитело што го неутрализира ХИВ вирусот.

Учесниците на студијата ќе бидат надгледувани за безбедност и толеранција од страна на членовите на персоналот.

Главната цел на тимот е да видат дали новиот комбиниран третман може да ги намали латентните ХИВ резервоари – клетките што се заразени со ХИВ но не го произведуваат вирусот активно.

Резервоарите, кои е тешко да се измерат, се присутни дури и во случаи на третирана ХИВ инфекција каде што нема приметливи нивоа на ХИВ во крвта.

Иако не се активни, резервоарите се доказ дека инфекцијата не е излечена бидејќи тие би можеле да се реактивираат поради многу причини.

Истражувачите се надеваат дека големината на ХИВ резервоарот ќе се намали кај двете групи и дека антителата ќе го направат третманот со ИЛ-2 помоќен.

Претходна ретроспективна студија предложи дека ИЛ-2 третманот би можел да ја намали големината на латентните ХИВ резервоари.

„Сметаме дека е важно да пробаме да ги потврдиме тие откритија во клиничка проба и исто толку важно, да видиме дали додатокот на моноклонични антитела ја засилува активноста на ИЛ-2,“ изјави Др. Ледерман.

Тој и неговите колеги се во дискусии со Истражувачкиот центар за вакцини на Националниот институт за здравје на САД да откријат кои моноклонични антитела, од неколкуте што ги има развиено центарот за превенција и третман на ХИВ инфекција, да ги користат.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag