Состојки:
500 гр брашно
500 гр маргарин
500 гр кравјо сирење (малку постаро)
2-3 јајца
Подготвување:
Измесете мекот тесто од еднаквите количини на маргарин, брашно и сирење заедно со 2-3 јајца. Тестото оставете го да преноќи во фрижидер.
Следниот ден со сукало исукајте тесто со дебелина малку помала од 1cm (за да не ви се лепи тестото ставете брашно на сукалото и работната површина).
Правете погачи со пречник од 3-4cm со чаша или калап, намачкајте ги со направената смеса и печете ги на умерена температура додека не добијат убава, златна боја.