Златни правила за нанесување коректор

7 февруари, 20170
11

Сакате беспрекорен тен, никогаш да не изгледате уморно и да немате видливи акни и пори? Следете ги овие правила и истакнете ги очите, прикријте ги црните кругови и покријте ги акните. Не ви се потребни сериозни козметички интервенции, само добар коректор кој правилно ќе го употребувате.

Различни бои за покривање различни делови

Пред да почнете да нанесувате коректор треба да бидете сигурни дека ја користите вистинската боја. Коректорите со жолтенава нијанса ги неутрализираат сините круговите околу очите. Оние со боја на праска се наменети за темните и жолтите кругови. А за да го покриете црвенилото користете коректор кој се совпаѓа со бојата на вашиот тен.

Густината е важна

Откако ги одредивте боите, време е за густината на коректорот. Кожата околу очите е нежна, а може да биде и сува, па затоа најдобро е да користите кремав, хидратантен коректор. Помеѓу внатрешниот агол на окото и носот користете течен коректор, додека пак за црвенилото, акните и проширените пори потребен ви е густ коректор нанесен во неколку тенки слоеви (не премногу!).

Потребни ви се две одделни нијанси

Вашиот тен не е иста боја преку целата година. Потребни ви се два коректора, еден за летниот и еден за зимскиот период, а во пролет и есен можете да ги мешате за да добиете преодна нијанса за преодните периоди.

Не ја заборавајте подлогата

Доколку сакате да ставите коректор, секогаш најпрво нанесете хидратантна крема која ќе послужи како подлога. Почекајте неколку минути за да се впие во кожата, а дури потоа нанесете го коректорот.

Секогаш нанесувајте коректор на природно светло

Лошото осветлување е виновник за сите оние случаи кога откако ќе излезете од бањата забележувате дека бојата на коректорот не се совпаѓа со остатокот од вашиот тен. Затоа секогаш нанесувајте коректор на природна светлина, во близина на прозорец преку ден, а за навечер променете ја бојата на вашето светло така што најмногу ќе потсетува на природно.

Не претерувајте

Доколку нанесувате коректор со прсти можете да го нанесете нееднакво. Затоа користете четка наменета за коректор и нанесете три мали точки – на двата краја од окото и една на средината. Потоа со врвот на прстот нежно размачкајте.

Внимавајте кога ги покривате акните

Единствено нешто кое е полошо од видливи акни се лошо камуфлирани акни. Користете мала шпицеста четка и нанесете мали точки од коректорот директно на акните. Потоа со ситни потези размачкувајте го коректорот околу акните, за совршено да се претопи со остатокот од тенот. Никако не користете прсти.

Користете камена пудра

Течната пудрата може да ги покаже линиите по кои се нанесувал коректорот, затоа над него користете лесна камена пудра, која нема многу да се забележува туку само ќе го прикрие сјајот од коректорот и кожата.

Каде не треба да нанесувате коректор

Никогаш не користете коректор на очните капаци. Исто така не ги покривајте потечените кругови под очите („кесите“), бидејќи така само повеќе ќе ги истакнете. Нанесете малку пудра, а потоа и многу малку коректор со посветла нијанса на краевите на окото и под „кесите“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi