Овој пат на нишан се најде стајлингот на првата дама на Америка на забавата што ја организира нејзиниот сопруг Доналд Трамп по повод отворањето на годинешниот „Супербол“.
Имено, комбинацијата на Меланија Трамп не беше на „тапет“ поради она што го облекла, иако на некои им пречеше тоа што блузата и’ е проѕирна, туку поради тоа колку чини. Меланија се облекла доста едноставно, но не и скромно. Додека повеќето Американци носеа дресови и се шараа со „воени бои“, госпоѓата Трамп носеше џемпер кој е дело на Викторија Бекам, кој чини 1.435 долари, стилето-чевли на Кристијан Лубутин вредни 908 долари и чантиче „Шанел“ вредни „ситни“ 5.870 долари.
https://www.youtube.com/watch?v=0y5J_ITNdXM