Мит или вистина – Вагината се стеснува и станува поцврста поради недостаток на секс?

popara10 февруари, 20171min00
6

Многумина претпоставуваат дека претставничките на понежниот пол кои имаат помалку секс имаат потесни и поцврсти вагини, додека жените кои имаат повеќе – полабави и пошироки вагини. Но, ова е потполна заблуда!

Мускулите на вагината се еластични. Тие се шират и стеснуваат во својот нормален облик по сексуалниот однос како и по раѓањето. Во животот само два пати вагината може да го промени својот првичен облик на подолго време , а тоа се следниве случаи. Првиот пат по породувањето. Според некои студии понекогаш на вагината и се потребни до шест месеци да се вратат во првобитен нормален облик и големина. Сепак, без разлика на времето, вагината на крајот се враќа на своето, односно на состојбата од пред породувањето.

Втората причина за промена на вагината е староста. Имено колку жената е постара, толку нивото на хормоните опаѓаат што значи дека ѕидовите стануваат потенки, а мускулите – помалку еластични. Добрата вест е што тонусот на вагиналните мускули може да се зголеми со Кегеловите вежби без разлика на возраста на жената.

Па доколку вагината ви е тесна за време на сексот, тоа не значи дека ви се стеснила поради тоа што подолго време сте имале сушен период, туку дека вашите мускули се уште не ви се опуштени добро и дека не сте имале добра предигра. Ако не сакате да ги имате овие проблеми пред сексаулниот однос посветете повеќе внимание на прдиграта и загревањето, а можете и да почнете со Кегеловите вежби.

Или, одржувајте го сексуалниот живот на ниво!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag