Првата дама на САД Меланија Трамп покрена тужба против британскиот „Дејли мејл“ поради натписи во кои се тврди дека работела како придружничка на мажи.
Како што пренесува „Гардијан“, Меланија пред тоа поднела тужба против „Мејл Медиа инк“ во Мериленд, но судијата пресудил дека Мериленд не е најдоброто место за оваа тужба.
Меланија потоа покрена постапка во Њујорк барајќи отштета во износ од најмалку 150. милиони американски долари.
Нејзините адвокати навеле дека првата дама имала многу прилики во животот да заработи пари при тоа посебно наведувајќи дека се занимавала со професионално моделство, односи со јавноста и дека покренала неколку марки производи од кои секоја заработила повеќе од милион долари.
Адвокатскиот тим ги прецизирал дури и категориите на производите коишто ги покренала Меланија наведувајќи дека станува збор за облека, прибор, накит, козметика, парфеми и препарати за нега на косата.