
На годинашната свеченост за доделување на музичките награди „Греми“ во центарот на вниманието беше позната пејачка Бијонсе.

Ова беше нејзиниот прв јавен настап по објавата дека очекува близнаци, а во текот на нејзиниот настап во „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес, пејачката направи сè за јасно да покаже дека е бремена. Всушност, таа на сцената настапи во проѕирен златен фустан, а самата објави и фотографии на кои носи златни бикини.
Во текот на нејзиниот настап поддршка од публиката ѝ даваа и нејзиниот сопруг Џеј Зи, како и ќеркичката Блу Ајви, додека пак нејзината мајка Тина Ноулс ја најави изведбата.
Иако настапот на Бијонсе предизвика најголемо внимание, сепак, пејачката дома си замина само со една статуетка „Греми“, а што се однесува до бројот на освоени награди, целосно доминираше нејзината колешка Адел.
Сепак, британската пејачка освоената награда за албум на годината ѝ ја посвети на Бијонсе, а покрај тоа откри дека тајно стапила во брак со Симон Конецки, со кого има дете.
Еве како изгледа листата на добитниците:
Песна на годината
Адел, Хелоу
Спот на годината
Адел, Хелоу
Албум на годината
Адел, 25
Најдобар нов изведувач
Ченс д Рапер
Најдобра соло изведба
Адел, Хелоу
Најдобра изведба на поп-дуо/група
Твенти уан пајлотс, Стресд Аут
Најдобар поп-вокал на албум
Адел, 25
Најдобар денс-спот
Чејнсмоукерс, Донт лет ми даун
Најдобар денс/електронски албум
Флум, Скин
Најдобра рок изведба
Дејвид Боуви, Блекстар
Најдобра метал изведба
Мегадет, Дистопија
Најдобра рок-песна
Дејвид Боуви, Блекстар
Најдобар рок-албум
Кејџ д Елефант, Тел ми ај ем прити
Најдобар алтернативен музички албум
Дејвид Боуви, Блекстар
Најдобра аренби-изведба
Соланж, Крејнс ин д скај
Најдобра аренби-песна
Максвел, Лејк бај д Оушн
Најдобар албум на современа музика
Бијонсе, Лемонејд
Најдобрите аренби-албум
Лала Хатавеј, Лала Хатавеј лајв
Најдобра рап-изведба
Ченс д Рапер, Но проблем
Најдобра рап-песна
Дрејк, Хотлајн блинг
Најдобра рап-изведба
Дрејк, Хотлајн блинг
Најдобар рап-албум
Ченс д Рапер, Колоринг бук