Ова е дефинитивно еден начин да се истакнете на Instagram.
Русинката модел, Викторија Одинткова, не била задоволна само со селфи-фотографии. Па затоа таа патувала до Дубаи за оваа шокантна – и искрено малку луда – фото сесија.
Навидум без никаква безбедносна опрема или стеги, изгледа како таа да виси од работ на облакодер држејќи се за раката на фотографот.
И во случај да помислите дека сликите се монтирани, таа исто така постираше и видео од сцената зад камерата.
Одинткова почна да ја постира серијата на фотографии на нејзиниот Instagram во јануари.
Иако многу луѓе биле импресионирани со нејзините изненадувачки фотографии, исто така имаше и многу коментари што ја критикуваа, нарекувајќи ја луда.
Еве дел од коментарите:
„Многу лош пример за младите.“
„Ова е толку глупаво, немам зборови. Изгледа како 11-годишно дете кое сака да привлече внимание по секоја цена.“
„Лудо! Бог ти дал убавина, но изгледа дека заборавил да те благослови со мозок.“
Секако, не го пробувајте ова дома, деца.