Поп-пејачката Гоца Тржан неодамна ја шокира јавноста кога во интервјуто за една позната ТВ-куќа откри дека еден маж се обидел да ја силува.
„Мора да признам дека имав непријатно искуство. Имав 18 години. Тоа секогаш се случува од страна на луѓето што добро ги познавате и во кои имате доверба. Многу непријатно искуство, со кое лесно се изборив, го освестив тој дел од себе“, заклучува Гоца.