Јелена Розга за борбата со неизлечливата болест: Одам понатаму

popara20 февруари, 20171min00
7

Хрватската пејачка Јелена Розга пред околу месец и пол го извади и третиот солистички абум кој носи име „Модерна жена“.

– Албумот е комбинација на современ звук со носталгичен призвук на стариот „Магазин“, оној од времето кога во него пеев. Судејќи според првите реакции на публиката, би рекла дека токму тоа од мене и го очекувале и дека вкусовите ни се поклопиле. За секој изведувач тоа е најголемата среќа – рекла Јелена.

Јелена исто така, повторно зборувала за нејзината болест која и била дијагностицирана пред повеќе од една деценија. Се работи за хипертиреоза, нарушување на работењето на штитната жлезда. Нагло изгубила килограми и брзо се изморувала.

– Важно е човек да ја прифати вистината. Во таквите ситуации голема улога игра начинот на којшто ќе се поставиме. Се придржувам на сè, се трудам да не ме нервираат милион глупости коишто се случуваат… И одам понатаму – појаснила Розга.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma