Болката во вилицата, забоболка или симптом за срцев удар

popara23 февруари, 20171min00
9

Болката во вилицата и забоболката може да претставуваат симптом за срцев удар, особено кај жените – укажува едно истражување направено од шведските научници на Универзитетот Умеа. Кога не постои симптом нa болка во градите, споменатите болки може да бидат единствен симптом на срцев удар или напад на ангина пекторис – најверојатно е дека кардиолозите ги предвидуваат, додека стоматолозите истражуваат непостоечка причина. На тој начин вистинската причина за болката често се открива кога е веќе доцна, предупредува шведскиот тим.

Истражувањето е објавено после испитување на 186 пациенти кои доживеале срцев удар или напад на ангина пекторис. Од нив е побарано на телесната мапа да покажат каде почувствувале болка. Скоро 40% од испитаниците, претежно жени, покажале во пределот на вилицата на лицето.

Докажано е дека фацијалната (лицевата) болка претставува најчест симптом на срцев удар кога не е присутен симптом на болка во градите. Таа болка е подеднаква од двете страни на лицето и се зголемува кај физичкиот напор.

Лекарите и стоматолозите треба секако да имаат во предвид и евентуален срцев удар кога пациентите се жалат на болки во вилиците – предупредува шведскиот тим на научници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag