Успешни борци против акните

popara23 февруари, 20171min00
10

Постојаното допирање на лицето ја оштетува кожата затоа што рацете се постојано изложени на милиони бактерии, кои предизвикуваат појава на акни и на црвенило. Во борба со акните ни помагаат намирници од кујната, како медот, млекото и овесната каша, пишува „Белашугар“. 

Пилинг од млеко 

Измешајте 1,5 шолјичка кафен шеќер, три лажички млеко и 1 лажичка мед. Со кружни движења втријте ја смесата во кожата и измијте го лицето по 10 минути.

Мастите од млекото ја навлажнуваат кожата, а млечната киселина нежно ги отстранува мртвите клетки што ги затвораат порите и предизвикуваат акни. Додатокот од мед ќе го спречи воспалувањето.

Маска од мед

Во сад ставете три лажички мед и лажичка цимет, измешајте и нанесете ја смесата на лицето. Оставете да дејствува 15 минути и измијте го лицето со млака вода.

Медот дејствува антибактериски, ги впива нечистотиите од порите и го спречува мрсењето на кожата, а со тоа и појавувањето на акните.

Маска од овесна каша 

Во сад ставете 3/4 шолја овесни снегулки и една шолја вода, и варете ја смесата една до две минути. Откако ќе сње излади, нанаесете ја на лицето и оставете ја да дејствува 10 до 20 минути.

Овесната каша нежно ги чисти нечистотиите, ја измазнува кожата и дејствува смирувачки поради што е одличен избор за воспалена кожа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag