Зрела сексуална врска

popara23 февруари, 20171min00
11

Вистинската љубов е откривање на слободата на другата личност, а сексот е природен начин на нејзино изразување. Тоа е возможно само ако и двајцата партнери се емотивно зрели личности, кои се сигурни во себе и немаат никакви комплекси на пониска вредност.

Во современиот свет луѓето имаат право на избор на љубовниот и брачен партнер, а разводот станува сосема нормална појава, за разлика од времето кога единствено било важно да се венчате и да останете во брак по секоја цена.

Денес има многу луѓе кои сакаат да ја најдат вистинската љубов, но не се сигурно дали таа навистина постои. Дали некогаш или можеби повеќе пати сте се запрашале, што е тоа што ја прави врската нормална и зрела?

Според современите психоаналитички сфаќања за постојана зрела сексуална врска неопходно е:

  • сексуално возбудување трансформирано во еротска желба за партнерот/ката
  • идентификација и длабока емпатија со партнерот и неговиот полов идентитет
  • зрела форма на идеализација со длабока поврзаност со партнерот/ката
  • страствен карактер на љубовниот однос

Амбивалентни или спротивни чувства (те сакам-те мразам) за прв пат се јавуваат во раниот стадиум на детството.

Кај возрасна личност која чувствува зрела љубов, овие чувства треба да се сплотат и преточат во постојана љубов, нежност и грижа за партнерот/ката.

Нормално е во секоја врска да постојат и позитивни и негативни емоции кон партнерот/ката, но во зрела врска овие чувсвта треба да се интегрираат така што ќе преовладува љубовта, но истовремено секој од партнерите ќе може слободно да се искаже сите свои чувства.

За разлика од симбиотскиот однос, во зрелиот сексуален однос доаѓа до спојување на партнерите во стабилна врска така што секој од нив ќе биде независна и самосвесна индивидуа.

Зрелата љубов во суштина е откривање на слободата на партнерот/ката. Сексот е природен начин за изразување на вистинската и зрела љубов.

Сето ова е возможно само ако двајцата партнери се емотивно зрели личности, во спротивно постои симбиотска врска во која двајцата партнери не можат да функционираат ако се одвоени.

Ако спротивните позитивни и негативни чувста не се доволно интегрирани, посебно кај лабилните личности доаѓа до несакани конфликти во врската. До вакви конфликти доаѓа кога сопствените недостатоци се проектираат на партнерот/ката за да се заштити идеализираната слика за себе. Најдобар пример за тоа е љубомората.

За да можеме да сакаме некоја друга личност, неопходно е прво да се прифатиме и сакаме себе си. Затоа ако сте незадоволни од врската, менувајте се себе, а не партнерот/ката.

Потребата за доминација во љубовната врска е многу честа кај незрелите личности и они кои се полни со комплекси. За жал ваквите садо-мазохистички врски се и најчести.

Затоа е многу важно да се разграничи што е проблем во врската за кој може да се разговара, а што е патологија на личноста за која треба стручна помош.

За зрела љубов не е неопходна заљубеност, зошто заљубеноста е само преокупација на идеалниот партнер кој во реалноста не постои.

После голема заљубеност и идеализација, најчесто доаѓа до големо разочарување кога ќе се запознае вистинската личност, а многу ретко заљубеноста преминува во квалитетна љубов.

Психолошки зрелата личност не идеализира и не се заљубува, таа постепено гради стабилна врска полна со емоции, емпатија, компромис, разбирање и прифаќање на другата личност онаква каква што е.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag