Популарната диета „Вага“ е многу сурова, но помага за брзо намалување на телесната тежина. Не се препорачува да се применува повеќе од пет дена и тоа само од физички здрави личности. Важно е по време на диетата да се пијат минимум 2 литри вода.
Дневно мени за 5-те дена:
Појадок:
Две белки од тврдо сварени јајца;
Едно препечено парче полнозрнест леб;
150 гр овошје по избор;
10.00 часот:
200-300 г варено или печено немасно месо (риба);
Зелена салата без ограничување на грамажата;
Ручек:
Се повторува истотo мени од 10.00 часот.
Вечера:
Едно препечено парче црн или полнозрнест леб;
30 гр сирење;
Зелена салата без ограничување.
Забранета е употреба на шеќер, овошни сокови, дозволени се само чај и кафе но без никакви подсладители!