Состојки:
- 500 гр мелено месо
- 1 главица кромид
- 4 чешниња лук
- леб (мекиот дел)
- малку млеко
- 2 јајца
- 1/2 лажичка прашок за пециво
- брашно
- масло
- сол
- зачини по желба
Состојки за сос:
- 200 мл јогурт
- магдонос
- 1 мала главица кромид
- 1 лажичка маслиново масло
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Во меленото месо додајте јајца, ситно сечкан кромид и лук, половина лажичка прашок за пециво, леб потопен во млеко, па исцеден. Зачинете по вкус и правете топчиња. Секое топче извалкајте го во брашно и пржете ги на масло.
- Ситно исечкајте кромид, магдонос и босилек. Во длабок сад добро измешајте маслиново масло и јогурт, па додајте босилек, кромид и магдонос.
- Посолете го сосот по вкус и со него прелијте ги готовите ќофтиња.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma - loodgieter den haag