Ќерката на Доналд Трамп, Иванка, иако важи за некој кој исклучително води сметка за својот стил, наиде на бројни критики поради своето издание на седницата на американскиот Конгрес.
Главната замерка е упатено затоа што се појавила во премногу секси фустан, со боја на фуксија која го открива едното рамо.
Тоа што на сите им засмета е црната братела, која на Иванка и се виде на голото рамо, па ја нападнаа дека и се гледа градникот.
Но, станува збор за парче фустан, кој го дизајнирал Роланд Моурет.
И покрај тоа, многумина коментираа дека нејзината облека во целост е непримерена затоа што била премногу секси.