Број 1 лек против чир на желудник

popara8 март, 20171min00
10

Научниците откриле дека компирот содржи единствени антибактериски молекули кои го лекуваат чирот на желудникот. Чир на желудникот може да се третира само со компири, тврдат истражувачите од Универзитетот во Манчестер. Со оглед на необичното откритие,  членовите на микробиолошкиот тим очекуваат супстанцијата која ја нарекоа “компиров сок” во догледно време да се најде во производство како диететски суплемент.

Неколку видови на компири се истражени и патентиран е процесот на цедење на гореспоменатите антибактериски молекули. При испитувањето се откри дека бактериите во стомакот не можат да развијат отпорност на „компировиот сок“, за разлика од антибиотиците кои создаваат одреден отпор. Покрај тоа, препорачаниот додаток не предизвикува никакви несакани ефекти.