Дали сте доволно храбри да се спуштите по овој тобоган?

popara9 март, 20171min00
Дали сте доволно храбри да се спуштите по овој тобоган?

Шопинг центар во кинески Шангај претстави нова атракција – тобоган од 20 метри со кој можете да се спуштите од петти кат на овој центар.

Тобоганот е направен од челик и е во облик на змеј. Посетителите со него се спуштаат со застрашувачка брзина – за целиот спуст се потребни само 16 секунди.

Дали би имале доволно храброст да се спуштите со овој тобоган?