Да ја одржиме континуирано новата телесна тежина после диета, е потешко отколку самиот процес на слабеење, односно додека сме на диета. Најдовме за вас неколку ефикасни совети со кои ќе ја регулирате својата тежина и после крајот на диетата.
Јадете само здрава храна – во вашата исхрана треба да присуствуваат храни кои содржат протеини, масти и јаглехидрати. Сите овие компоненти се неопходни за здравјето. Експертитете пресметале дека дневната потреба изгледа вака: 55% јаглехидрати, 3
% масти и 15 % протеини.
Вклучете во диетата само варена или печена храна. Обидете се сосема да ја исклучите пржената храна и храната со многу калории како благото, белиот леб и др.
Јадете лимони – киселата храна има една многу полезна функција за намалување на килограмите – тие брзо даваат чувство на ситост. Ете зошто треба да се пие литар вода со додадени два лимони во неа секојдневно, особено е важно да се пие пред оброк. Освен тоа лимоните го активираат метаболизмот и варењето на храната.
Јадете 3-4 оброци дневно свежо овошје и зеленчук, без термчка обработка.
Научете да ги броите калориите – дневниот внес на калории ако се земе во предвид дека се занимавате и со некоја физичка активност треба да изнесува 1800-2200 калории дневно.
Редовна физичка активност – не е тајна дека да се има убаво тело без физичка активност е многу тешко. Па затоа обидете се колку можете почесто да пешачите, барем 30 минути дневно, или пак да посетувате 3-4 пати фитнес седмично. Физичката активност ќе биде од полза за вашата фигура и ќе го зајакне вашиот имун систем.
Радувајте се на животот – искористете го своето слободно време со посетување на музеи, театри, планини, прошетки со децата или пријатели. Колку поактивен живот водите, толку помалку ќе имате проблеми со килограмите.
Основно нешто е да си докажете сами на себе си дека секогаш можете да изгледате добро!