Британскиот весник Sun ексклузивно ја објави веста дека португалскиот репрезентативец ќе го прошири семејството.
Неименуван член на семејството откри дека ѕвездата на Реал Кристијано Роналдо наскоро чека близнаци од сурогат-мајка во САД.
Жената наводно носи две машки деца кои по раѓањето ќе стигнат во Мадрид, каде за нив ќе се грижи мајката на Роналдо, Долорес.
Ситуацијата е слична со првиот пат кога славниот фудбалер стана татко, односно кога го доби синот Кристијано Јуниор.
Идентитетот на мајката никогаш не беше откриен и наводно Роналдо ѝ платил 10 милиони фунти за нејзиното молчење.
Кристијано Роналдо денес има седум години, а гордиот татко често објавува фотографии заедно со него на социјалните мрежи.
Семејството со нетрпение ја очекува приновата.
Фудбалерот моментално е во врска со шпанскиот модел Георгина Родригез.