Доколку сте една од оставените девојки, а причината не ја знаете, можеби ќе ја пронајдете токму овде:
Не сака да биде повреден
Ова навистина е смешна причина, ќе помислите. Меѓутоа, ако порано го повредувале, можеби едноставно е уплашен, но и можеби ја смислил најлошата можна причина за да ја заврши врската со вас. Во секој случај, почитувајте го неговиот избор и продолжете понатаму. Тој не е личност за вас.
Тој подобро би бил сам
Утешете се: Ако на вашиот избраник му е потребна цела вечност за да ве покани на состанок или размислува дали да ги остави своите пивски шишиња и фудбал и да се посвети на вас, тој тогаш никогаш и не бил за вас.
Не ја гледа иднината со вас
Да, да и момците мислат за иднината. А ако тие не ја гледаат иднината покрај вас, нема да ја трошат ни својата ни вашата залудно, што мораме да кажеме дека е фер. Не очајувајте веќе и вие пронајдете го вистинскиот партнер кој гледа се со вас.
Не сте сексуално компатибилни
Некои луѓе едноставно не сакаат исти работи и не си влијаат добро еден на друг. Можеби сметате дека ова не е доволна причина за разделба, но помислете мажите да не размислуваат идентично како жените, така да не наведуваме дополнителни причини, сигурни сме дека разбирате. Како и да е и вие сигурно сакате фантастичен секс, па зашто да се откажете тогаш од тоа?
Тој ве сака, но не толку
Понекгаш односите почнуваат одлично, но на крајот се завршат неславно. Можеби и не било лага на почетокот, но вие и вашиот сакан сте се надевале дека ќе биде подобро. За жал и тоа се случува. Подобро е да спречите на самиот почеток отколку врската да влезе во подлабоки односи.
Не е на ваша бранова должина
Можеби сакал поозбилна врска, авие комбинација или обратно. Во секој слулај, погрешна личност во погрешно време, се слушува како од ваша, така и од негова страна. Знаеме дека не е лесно да ја пронајдеме вистинската личност, но кој воопшто спомнал дека животот е лесен?!
Го земате здраво за готово
Можеби момците понекогаш изгледаат толку неозбилно и не се трудиме да ги сватиме премногу озбилно, но верувале или не токму тој недостаток на почитување може да доведе до крајот на врската. Исправете ја оваа грешка во наредната врска или ако добиете од господинот втора шанса.
Сакате различни работи
Сакате деца, голема бела куќа, огромен двор и куче и тоа во блиска иднина? Ако тој сака само минлива комбинација и добра забава, не мора да кажеме дека е логично зошто седите сами. Вашите желби се прекрасни, но запаметете дека ги немаат сите.
Супер си, но…
Изгледа како најлош можен изговор, меѓутоа да погледнеме и од другата страна. Што ако вашето момче ве цени, мисли се најдобро за вас и симпатични сте му, но недостасува хемија, недостасува тоа нешто. Не сме само ние резервирани за ова правило. Тоа се случува и кај посилниот пол. Прифатете храбро дека не сте неговата „вистинска“ и пуштете го да ја најде таа госпоѓица, а вие продолжете понатаму.