Најпознатиот српски режисер Емир Кустурица се појави на прославата која ја приреди спортскиот клуб Партизан за освоената четвртата титула по ред во фудбалското првенство на Србија. Интересно е да се напомене дека Емир пристигна облечен во одело и кравата и во негов стил изјавил: “После толку време ја измив косата, а тоа го направив само за мојот клуб Партизан”.
Постојат две фами поврзани за Кустурица, а тоа се дека никогаш не ја мие косата, и дека не носи кравата. Сега можете да заклучите колку тој го сака Партизан.