
Во синоќешната емитувана епизода на емисијата „Амиџи шоу“ гостуваа Сања Маринковиќ, Маца Дискреција и Милан Станковиќ, а водителот и авторот Огњен Амиџиќ, имал, како и секогаш, интересни прашања и скокотливи теми.
Тој ја допре темата за секс, па побара од Сања да го опише своето прво сексуално искуство, што водителката од емисијата „Магазин“, баш и не и се допадна…
„Не се сеќавам!“, изјави како од топ намигнувајќи во камерата, а потоа сепак се предомисли.

„На колку години?“, ја праша Амиџиќ.
„Паааа…. не бев полнолетна“, изјави Сања, а Огњен беше упорен…

„На 17?“, ја праша повторно.
„Па… така некако“, беше се што Сања откри, а тогаш остана во вчудоневиденост кога Маца рекла дека и таа ја изгубила невиноста на 17 години.