Тајната на насмеаните жени

popara21 март, 20171min00
10

Најновите истражувања на сексолог и физиолог ја потврдуваат старата максима -“кондомот несигурна одбрана против зачнување и челичен оклоп против задоволството”.

Научниците од Универзитетот Њујорк докажале дека во спермата се наоѓаат хормони за “добро расположение”, кои во организмот на жената доаѓаат преку вагината, што помаѓа жената да се чувствува добро и задоволно, но и предупредуваат дека нивните резулати не смеат да бидат причина за небезбеден секс без заштита.

“Сакам да нагласам дека ние не препорачуваме партнерите да не користат кондом. Очигледно, несаканата бременост или болести кои се пренесуваат преку сексуален контакт го уништуваат секое психолошко задоволство кое го овозможуваат хормоните од спермата”, нагласил д-р Гордон Галуп, кој ги предводел тимот на научници.

Истражувачите го оценувале расположението на 300 студентики, користејќи стандардни прашања за нивниот сексуален живот.

Резултатите на скала од 1 до 20 покажале дека 17 е “умерена депресија”, бидејќи го имаат истиот број на “поени”.

Студентките чии партнери никогаш не користеле кондом добиле оцена 8 додека дамите кои повремено имале сексуални односи без кондом заработиле 11,3 поени. Меѓутоа, студентките кои целосно апстинираат оценети се 13,5.

Спермата против депресија

Депресијата и лошото расположение кај студентките чии партнери повремено или никогаш не користат кондом биле повеќе изразени колку подолго апстинирале. Научниците трагале и за други фактори кои можат да влијаат на лошото расположение како што е користење на апчиња за контрацепција, зачестеноста на сексуалните односи и личен ментален и физички склоп, но констатирале дека ниту еден од нив не влијае на наодите. За сексолозите и физиолозите резултатите од истражувањето не се изненадувачки, бидејќи одамна е познато дека спермата содржи неколку хормони кои “го контролираат расположението на жените”, меѓу другото, и тестостерон.

“Нeкои од овие хормони пронајдовме во крвта на жените само неколку часови по сексуален однос без кондом”,вели д-р Галуп.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag