Кардашијан: Мислев дека ќе ме силуваат и ќе ме убијат

23 март, 20170
4

На малите екрани конечно можевме да ја видиме долгонајавуваната епизода од шоуто „Во чекор со Кардашијанови“, во која Ким Кардашијан во детали опишува како изгледал грабежот во Париз.

Во епизодата, таа на своите сестри им раскажала дека била убедена дека нема да преживее.

Таа се присети дека прво слушнала чекори во ходникот, потоа дека напаѓачите и се втурнале во собата и дека забележала дека се вооружени.

– Еден од нив ми го зграпчи телефонот и ме фрли на кревет. Мислев, готово е со мене – раскажала Ким, присетувајќи се дека цело време мислела дека ќе умре тој ден.

Напаѓачите ја изнеле и повторно ја внеле во собата и таа почнала да ги моли да не ја убиваат, велела дека има деца, семејство и молела да ја остават да живее.

– Потоа еден од нив ми стави селотејп на устата, ми ги зграпчи нозете и ме повлече кон себе и тогаш помислив дека ќе ме силуваат. Но, не се случи тоа. Тој ми стави селотејп и околу нозете и ми држеа пиштол на главата. Мислев дека сум готова. Бев сигурна дека нема шанси да се извлечам. Се молев Кортни да има нормален живот откако ќе го најде моето мртво тело на креветот – раскажала Ким.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi