Сузана Манчиќ е шокирана од тајната венчавка на својата постара ќерка Теодора Куниќ за 20 години постариот бизнисмен Френк Џорџ.
Вечната лото девојка во ексклузивно интервју за новиот број на магазинот Стори ги открива сите детали од церемонијата, која е направена на 19 март во Лад Вегас, како и своја реакција на тоа кога ќерката и ја соопштија таа вест.
-Тие тоа веројатно одамна го планирале, но никому не му збореле за тоа. Теодора ништо не ми навести, само ми испрати фотографии ден подоцна и многу ме изненади. Сознанието дека моето девојче се омажило рпеку океанот за мене беше голем шок. Веројатно сакала да ме поштеди од стресот околу подготовката за венчавката, како и да ја избегне гужвата, бидејќи имаме бројни роднини кои би присуствувале на свадбата. Го направија тоа на свој начин, онака како што сакаа тие. Мене ми останува само да жалам што поради тоа што не бев присутна. Теодора фантазираше да се омажи во капелата Грејсленд, во која се ожени Род Стјуард, Џон Бон Џови, вели Сузана за Стори.
Водителката додава дека е тажна што нема да може често да го гледа своето дете.
– Ми рече: „Мамо, тоа беше најубав викенд во мојот живот“. Бев многу изненадена и само ја прашав: Црно дете, што направи? Таа физичка оддалеченост меѓу нас напросто ме шокираше. Мислам дека Теодора го зеде животот во сопствени раце и не дозволува никој да не и се меша во одлуките. Размислувам сега за тоа дали сум можеби била доминантна мајка, од која таа сакала да побегне, рече Сузана.