Разводот на поп-пејачката Наташа Беквалац и бившиот ракометар Љуба Јовановиќ е се’ уште топ-тема во медиумите.
Меѓутоа, на површина исплива изјавата што Јовановиќ ја потпишал пред венчавката со пејачката, во која тој се откажува од се’ што таа внесува во бракот и од се’ што ќе заработи додека се во брак, а се’ што ќе стекне тој за време на брачниот живот го делат на половина во случај на развод. Со овој потег тој сакал да и’ докаже на Беквалац дека со неа се венчава од љубов, а не од интерес, и дека во случај на развод, таа нема да ги имаме проблемите при разводот со првиот сопруг, Данило Икодиновиќ. Бидејќи сопружниците немаат заеднички имот и дете, можно е бракот да се заврѓши уште на првото судско рочиште, на кое и двајцата нема да присуствуваат, бидејќи избегнуваат секаков контакт.