Пилатесот е одличен начин за започнување на денот и будење на телото.
Она по што тој се разликува од класичното вежбање во теретана или аеробикот е што неговите вежби активираат голем број на мускули истовремено, со што добивате третман на целото тело, а не само на посебни делови.
Секако одлично би било ако имате доволно време и отидете да вежбате пилатес под надзор на професионален тренер, но доколку немате време, следното видео ќе ви покаже како со само 30 минути вежбање можете да добиете убаво и затегнато тело.
Затоа, утре наместете го алармот 30 минути порано и започнете со вежбање.
https://www.youtube.com/watch?v=2GEjVdP2YGk