Често кога сме малку нервозни поради одредени претстојни обврски, испит или важен деловен состанок, пребрзо посегаме по утешен сендвич или чоколадо. Меѓутоа ваквата храна е само привремена утеха, која воопшто не го намалува стресот, па затоа експертите направија листа на намирници кои помагаат во неговото намалување:
• Зелен лиснат зеленчук
• Мисиркини гради
• Лосос
• Овесни снегулки
• Јогурт
• Боровинки
• Ф’стаци
• Темно чоколадо
• Млеко
• Семки
• Авокадо
• Индиски ореви
Овие намирници во стресен момент може да помогнат да се стабизира шеќерот во крвта и да ја ублажи напнатоста.