Доколку може да им се верува на американските медиуми, актерите Бред Пит и Сандра Булок започнале да излегуваат заедно, а нив ги споил Џорџ Клуни, кој му е одличен пријател на Бред.
Тој ги запознал пред многу години на еден негов хуманитарен настан, бидејќи сметал дека многу добро си одговараат.
– Џорџ е одлучен да му помогне на Бред побрзо да ја заборави својата екс сопруга и не можеше да помисли на никој друг освен на Сандра. Тие моментално се на самиот старт. Џорџ помисли дека Сандра е идеална девојка за Бред – објаснува избор близок до актерот.
Сепак, други медиуми пишуваат дека Бред е мошне задоволен со неговиот живот како самец, а социјалниот живот му е смален на минимум.