Состојки:
190 гр. брашно
80 гр. шеќер во прав
170 гр. маргарин
300 гр. шеќер
3 лажици брашно
60 мл. сок од лимон цеден
40 гр. шеќер во прав за декорација
3 јајца
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Подмачкајте тавче (димензии приближно 23×33 cm).
Измесете го брашното, шеќерот во прав и маргаринот. Натапкајте го добиеното тесто во тавчето. Обидете се да го нанесете рамномерно насекаде. Печете го 20 минути додека да добие златно жолта боја.
Додека се пече тестото изматете ги јајцата, шеќерот, сокот од лимон и трите лажици брашно. Потоа извадете го тавчето од рерна и оваа смеса прелијте ја врз печеното тесто.
Вратете го во рерна и печете уште дополнителни 20-25 минути додека да добие светло кафена боја.
Извадете го од рерна и почекајте сосема да се олади. Потоа нанесете одозгора тенок слој шеќер во прав и расечете го на квадрати. Треба да добиете околу 36 парчиња.