Водителката Јована Јоксимовиќ, сопруга на поп-пејачот Жељко Јоксимовиќ, носи близнаци, а би требало да се породи наесен, пренесуваат српските медиуми.
„Кога откри дека е бремена, не сакаше да ја шири приказната, па знаеја само најблиските членови на семејството. Жељко беше пресреќен кога му соопшти дека е бремена, особено кога дознаа дека се работи за близнаци. Тој отсекогаш сакал големо семејство“, открива извор близок на популарната двојка.
Веста за нејзината бременост најмногу го израдувала нивниот 3-годишен син Коста, со кого убавата водителка сега најмногу поминува време во својот дом. Мама и тато му објасниле на синот дека ќе добие братчиња или сестричиња, а тој одвај чека да си игра со нив.
„Коста има постара сестра, за која е врзан и со која често си игра, така што кога слушна дека му пристигнува друштво, многу се израдува“, објаснува изворот.