Скандал: Припадничка на британската аристократија фатена на снимка од групен секс со пејачка и нејзиниот сопруг

popara6 април, 20171min00
8

Припадничката на британската аристократија, лејди Викторија Харви, стравува дека Стивен Белафонте, сопругот на Мел Би, во тајност го снимал групниот секс во нивниот дом во Холивуд.

– Се плаши дека сите ќе ги дознаат деталите од нејзиниот сексуален живот. Последното што и è потребно е нејзина порно снимка да излезе во јавноста, или за нејзината интима да се зборува на суд – рекол пријател на Викторија, и открил дека таа сега се кае поради една луда и пијана ноќ.

Имено, според пишувањата на медиумите, Мел и Викторија се познавале додека двете живееле во Лондон, но кога се преселиле во Калифорнија, секогаш се среќавале на забави и помеѓу нив се родило пријателство. Па тала една ноќ во 2007. година се напиле повеќе на една прослава, по што Викторија отишла со Мел и Стивен во нивната вила.

Тие таму пиеле вино и текила, а Мел предложила да одат во спалната соба за да не ја разбудат нејзината ќерка. Тогаш звучело како логичен предлог, но Викторија подоцна сфатила дека пејачката сакала да ја заведе. Одвај се сеќава на таа вечер, бидејќи била под дејство на алкохол. Се сеќава само дека се разбудила следното утро во нивниот кревет. Никогаш порано не направила нешто слично и многу и è срам. Тоа што се случило им го раскажала само на пријателите, а сега кога информациите се во јавност, морала да раскаже и на своето семејство.

Plul60JYCG-panika-pripadnicka-na-britanskata-aristokratija-vo-strav-poradi-snimka-od-grupen-seks-so-pejacka-i-nejziniot-soprug

Мел Би минатата седмица поднела документи за развод од Белафонте, за потоа во понеделник да поднесе и барање за забрана за пристап, и изнела страшни обвиненија на сметка на својот сопруг.

Тврдела дека бил насилен кон неа во текот на 10 години брак, дека и направил дете на нивната бебиситерка, и дека ја принудувал на групен секс со непознати жени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *