
Неодамна, познатата актерка Мелани Грифит призна дека жали за пластичните операции што ги има направено. Ја сфатила својата грешка кога луѓето почнале да гледаат зачудено во неа.
59-годишната актерка претходно беше во брак со Дон Џонсон, а потоа стапи во брак со Антонио Бандерас, со кој беше 18 години во брак. Таа никогаш нема криено дека за убавина и младешки изглед е подготвена на сè, таа се уште вежба и има совршена фигура. Но, за магазинот Porter актерката призна дека престанала со пластичните операции.
„Не сфаќав дека претерувам сè додека луѓето не почнаа да зборуваат: Боже, што си направила, толку бев повредена така што отидов кај друг доктор кој ме ослободи од глупостите што претходната докторка ги има направено. Се надевам дека сега изгледам понормално“, вели Мелани.

Во интервјуто таа отворено проговори за нејзината зависност од кокаин и одењето на рехабилитации, како и за проблемите со алкохол и таблети за смирување. Откри детали за разводот со Антонио Бандерас.
„Мислам дека дел од причините за разделбата беше тоа што јас бев заглавена, немам кој друг да обвинам. Се заглавив самата себе и нема да дозвола тоа повторно да се случи, сакам да уживам во животот, да го правам тоа што го сакам“, вели Мелани, која е мајка на три деца.
