Едногодишната принцеза Шарлот има своја линија облека

popara7 април, 20171min00
6

Принцезата Шарлот, второто дете на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, војводата и војвотката од кембриџ, има само една година и е четврта во редот за наследување на британскиот престол. Но, тоа не е сѐ.

Малата принцеза веќе има своја линија облека и други предмети.

Нејзината линија е достапна за посетителите на Кенсингтонската палата и преку интернет.

Парчињата облека се разнобојни, а доминираат розовата и виолетовата боја.

Фановите на принцезата може да купат и сјај за усни и тијара од нејзината линија.

Од неодамна Кенсингтонската палата почна да продава и боенка со 31 највпечатлива комбинација на војвотката од Кембриџ.