
Изгледа дека Ким Кардашијан во последно нема многу среќа со своите телохранители. По грабежот во Париз, Каније ангажираше цела армија телохранители кои треба да ја заштитуваат неговата сопруга, но изгледа дека некој не си ја врши работата како што треба.


Реалити ѕвездата имаше блиска средба со „обожавател“ кој буквално се втурна во неа пред еден ресторан во Лос Анџелес. За сега неидентификуваниот маж се доближи доволно близу за да ја преплаши веќе збунетата Ким.
По настанот таа демантираше дека била нападната и дека во суштина станува збор за дечко кој случајно се втурнал во неа.
Сепак, по случувањата од Париз можеби не е лошо нејзиниот тим од телохранители малку посериозно да си ја сфати работата.


