Џулија Робертс е уште една ѕвезда со тешки семејни тајни и несреќно детство. Добитничката на “Оскар” одамна е во лоши односи со својот втор татко Мајкл Моутс и демонстративно одбила да присуствува на геј свадбата одржана во тесен круг минатиот септември.
72-годишниот Мајкл и 69-годишниот Тимоти Рааш склучиле брак по 25-годишна врска во Џорџија, штом таму геј-браковите биле легализирани, откри RadarOnline. Самиот Моутс одбил да го коментира големиот настан, но го одразил на Фејсбук промена семеен статус.
Во меѓувреме посвоените деца на Мајкл категорично одбиваат да имаат каков и да е контакт со него, а постариот брат на Џулија – Ерик Робертс (60) неодамна изјави во интервју: “Уште од почетокот ни беше јасно дека Моутс е насилник. Тој ме малтретираше физички и психички и мислам дека ги малтретираше и моите сестри Џулија и Лиза “.
Мајкл (десно) на свадбата на својот внук. Фото: Instagram
Самата Џулија пак споменуваше во текот на годините дека се плашела и дека го мрази својот очув
Мајката на двете ѕвезди Бети Лу Бредемус се омажи за Мајкл Моутс малку по разводот во 1972. Двајцата се среќаваат покрај работата за католички весник со името The Georgia Bulletin. Тие имаат заедничка ќерка Ненси.
Во 1983 година Бети се разведува со мажот поради бурниот темперамент и зависноста кон алкохолот и дрогата. Таа умира од рак на белите дробови во 2015 на 80-годишна возраст и до последно признава дека бракот со Мајкл е “најголемата грешка” во животот.