Во луксузниот облакодер Market Square Tower во Хјустон се наоѓа базен во кој ќе запливаат само оние најхрабрите.
За жал тоа не е доволно, освен храброст треба да имаат и многу длабок џеб.
Тексашкиот Sky Pool се наоѓа на 42 кат во еден пентхаус.
Да запливате во него значи да лебдите на висина од 150 метри и да го гледате тлото под себе.
Сопствениците на базенот велат дека тој е целосно безбеден и дека проѕирното дно односно плексиглас е дебело 20 сантиметри.