Квалитетниот секс зависи од компатибилноста на типовите темпераменти на партнерите. Некои жени реагираат и на најмалиот допир при што лесно се возбудуваат, а некои реагираат премногу грубо при што и најупорните мажи завршуваат со неуспех. Сексолозите тврдат дека ова се должи на типот сексуален темперамент.
Сексуалниот темперамент е генетски обусловен и зависи од севкупноста на некои хормони произведени повеќе или помалку од организмот на индивидот. Сексолозите ги поделиле мажите и жените на три групи сексуален темперамент – со висок, среден и низок сексуален темперамент. Трајно сожителство помеѓу две крајни групи е сосема невозможно.
Високиот темперамент се одликува со силно изразено либидо за секс и постојано експериментирање на нешто ново во интимните односи. Овие индивиди созреваат полово порано во споредба со своите врсници. Жените од овој тип имаат потреба од петинг и имаат потреба од секс секојдневно. Ако останат незадоволени паѓаат во состојба на депресија и дискомфорт. За луѓето со низок сексуален темперамент сексот не е помеѓу најважните приоритети во животот. Тие созреваат полово многу покасно и за нив секс неколку пати месечно е сосема довелен. На средниот тип сексуален темперамент припаѓаат поголемиот процент од луѓето.
Неколку пати секс седмично потполно ги задоволува. Во првата половина од својот живот тие често ги менуваат партнерите но потоа се смируваат. Претставниците на овој тип лесно се приспособуваат кон избраниот партнер. 80% припаѓаат на средната група, а останатите 20% се една од двете крајности.