Доколку заради обврските сè уште не пронајдовте време за тренинг, трчање или возење велосипед, овие 6 вежби совршено ќе се вклопат во вашето брзо секојдневие.
Останете здрави за само 10 минути дневно.
Ако имате само 1 минута
За 1 минута можете да прескокнувате јаже, да правите чучнувања или да марширате во место.
Ако имате 4 минути
Прошетајте со брзи чекори. Истражувањата покажуваат дека кога се работи за здравјето на кардиоваскуларниот систем и намалувањето на килограмите, интензитетот на вежбите е многу поважен отколку времетраењето на истите.
Ако имате 7 минути
Доволно за да вежбате по некое видео или апликација. Ова е нашиот предлог:
Ако имате 9 минути
Вежба 1
Земете пешкир, направете ролна и држете го со рацете над главата. Во исто време правете чучнувања или исчекори.
Вежба 2
Ставете го пешкирот на под, паралелно поставен на вашите стапа и прескокнувајте го лево-десно. Направете 20 скокови.
Вежба 3
Правете склекови така што еден ќе трае од 3 до 5 секунди. По секој склек повлечете се и одморете 10 секунди, а потоа повторете ја постапката. Доволни ви се 5 вакви склекови.