
Кристина Беквалац, сестрата на пејачката Наташа Беквалац, се породи денеска во GAK „Народниот фронт“, во Белград, и на свет донесе здраво момче.
Најмладата од сестрите Беквалац ова попладне беше примена во породилиштето, а недолго погоа следеше и пораѓањето. Наташа на социјалнтие мрежи редовно ги известува фановите за доаѓањето на „нејзиниот прв син“, како што самата го нарече.

Штом дојде на свет, новиот член на семејството заврши во прегратка на гордата тетка, која фотката веднаш ја сподели со обожавателите на Инстаграм. Да потсетиме, Кристина веќе ја има ќерката Петра.
„Не постои посреќна жена од мене на светот! Чао, друштво, единствено машко личи на тетка“, напиша Наташа Беквалац.
