Џенифер Лопез прв пат јавно проговори за врската со бејзбол ѕвездата Алекс Родригез, во шоуто на Елен Деџенерис.
Пејачката рече дека не спиела со него на првата вечер кога излегле заедно и дека Алекс е многу добар дечко и џентлмен.
„Не, мама не спие со дечкото на прв состанок”, рече Лопез.
Иако се во врска неколку месеци, Лопез и Родригез дури неодамна почнаа да се појавуваат заедно во јавност.
„Бев на ручек и го видов кога помина покрај мене. Излезе од ресторанот и едноставно добив потреба да го потапкам по рамо и да му речам ‘здраво’”, рече Лопез ставајќи до знаење дека таа го направила првиот чекор.
Во обид да ја задоволи љубопитноста на јавноста, Де Џенерис ја праша Џеј Ло дали планира да ја премести врската на следно ниво и да има деца со Алекс.
„Ох боже, моментално едноставно ни е убаво кога сме заедно”, рече Лопез.